26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз во обид да го „украде“ приматот на Лондон како финансиски центар

Париз во обид да го „украде“ приматот на Лондон како финансиски центар

pariz

Париз лансираше нова иницијатива за воспоставување на едношалтерски систем за компаниите што сакаат своите бизниси да ги преместат од Лондон по референдумот на Велика Британија за напуштање на ЕУ, пренесуваат светските медиуми.

Системот е дизајниран да им помогне на странските бизниси во поглед на бирократијата, како и да им обезбеди информации и промовирање на регионот.

Многу бизниси го употребуваат Лондон како порта кон пазарите во Европа, а според правилата на ЕУ ,на компаниите им е дозволено да работат низ Европа се додека се наоѓаат во една од земјите членки.

Доколку Обединетото Кралство ја напушти слободната трговска зона , многу бизниси со седиште во Лондон вклучувајќи и многу банки, може да заминат.

Развојната агенција за Париз и парискиот регион се надева дека тоа би можело да биде одлична шанса со цел да обезбеди нов дом за тие компании. Париската финансиска окружна единица лансирање кампања со наслов „Tired of the fog ? Try the frogs!“ со надеж дека ќе убеди дел од банките дел од своите операции да ги префрлат во Франција по напуштање на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП