17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Островот цените на недвижности ќе паднат побрзо од очекуваното?

На Островот цените на недвижности ќе паднат побрзо од очекуваното?

imot-vb7744

Цените на недвижности во Велика Британија може да паднат многу побрзо отколку што се предвидува во официјалните извештаи, сметаат експертите на Националната агенција за управување со имоти (NAMA).

По гласањето на референдум за напуштање на Европската унија, вредноста на имотите во центарот на Лондон падна за повеќе од 10 отсто и 11 отсто под врвот кој беше достигнат во 2014 година, вели Френк Дејли, претседател на државната агенција (National Asset Management Agency -NAMA).

„Нашите анализи покажуваат дека падот на цените во Велика Британија може да биде многу побрз отколку според официјалните податоци”, изјави Дејли во парламентот во Даблин.

„Аналитичарите предвидуваат дека цените ќе продолжат да паѓаат и во наредните години, делумно како одговор на Брегзит и поради можноста дека многу компании своите канцеларии ќе ги отселат од Велика Британија“, додаде тој.

Ирските претставници внимателно ги следат економските и пазарите на недвижности во Велика Британија, која заедно со САД, е најголемиот трговски партнер на Ирска.

Цените на канцеларии во центарот на Лондон во јули забележале рекорден пад во последните седум години, според CBRE. Цените на куќите во август паднаа по пет месеци по ред, што е најголема негативна серија од 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП