Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија, во 2014 година, има Скопскиот регион со 42.8%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5.0%.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143.6, Југоисточниот регион со индекс 119.2, Вардарскиот регион со индекс 107.5.
Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.