Старосната граница на работниците за заминување во пензија нема да се зголеми, туку ќе си остане на сегашните граници, потврди министерот за финансии Кирил Миновски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Миновски рече дека старосната граница за пензија останува на истото ниво, додавајќи дека не се размислува и ниту за промена на процентот на социјалните придонеси.
Според законските прописи во Република Македонија, во пензија се оди на 64 години за мажи и 62 години за жени.