4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилион патенти пријавени од страна на Кина

Милион патенти пријавени од страна на Кина

pament3

Светската организација за интелектуална сопственост соопшти дека Кина минатата година поднела рекордни милион пријави за патенти, од кои поголемиот дел се фокусираат за домашниот пазар.

Агенцијата на Обединетите Нации со седиште во Женева, соопштила дека во 2015 година се пријавени вкупно 2,9 милиони патенти, од кои една третина се поднесени од Кина.

Следуваат САД и Јапонија со по околу половина милион пријавени патенти.

Најголем број на патенти кои ги поднела Кина се во секторите на компјутерската технологија, електрична машини и дигитални комуникации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП