17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Лабавиот, фискален став може да го подигне БДП до 0,6 %“

„Лабавиот, фискален став може да го подигне БДП до 0,6 %“

116690420058372ac9e3dac298880937_w640

Државите членки на Организацијта за економска соработка и развој (ОЕЦД) треба да престанат да бидат преокупирани со нивото на долгот.

Како што соопшти оваа организација, потребно е да ја зголемат потрошувачката на мерки кои ќе донесат економски раст.

„Тоа, сепак, не е повик на безобзирна потрошувачка“, тврди главната економистка на таа организација Кетрин Ман, пренесува агенцијата Ројтерс.

Дозволувањето да порасне дефицитот заради финансирање на инвестиции и олабавување на даночните оптеретувања би можело во голема мера да го зголеми БДП отколку долгот, се наведува во посебно поглавје на Економскиот извештај на ОЕЦД, кој во целост ќе биде објавен во понеделник.

Тоа на крајот би го скратил уделот на долгот во БДП и тоа без тешки економски последици кои обично го следат намалувањето преку мерки за фискално штедење.

Според податоците на ОЕЦД, зголемувањето на буџетскиот дефицит за половина процентни поени заради финансирање на инвестиции би можело да го подигне БДП за 0,4 до 0,6 проценти во првата година ширум ОЕЦД, која има 35 земји членки.

„Она што го велиме е дека задолжувањето по многу ниски каматни стапки и инвестирањето во вистински иницијативи, може да ја зголеми стапката на економски раст, порача Ман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП