19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите од дрога во Албанија достигнуваат 2,6 отсто од БДП

Приходите од дрога во Албанија достигнуваат 2,6 отсто од БДП

alban-droga33

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Албанија се проценува дека приходите од нелегалната трговија и производство на дрога во земјата достигнуваат ниво од 2,6 отсто од албанскиот бруто домашен производ (БДП).

Според извештајот на ЕК, парите заработени од шверцот со наркотици претставуваат значаен дел во албанската економија и во споредба со развиените земји тоа ниво е поголемо дури и до 300 пати.

Во економиите на западните земји, како Германија, Франција , Германија или Велика Британија , приходите од шверцот на дрога достигнуваат ниво 0,7 до 0,19 отсто од националните БДП.

Со вредност од 2,6 отсто од БДП , приходите од шверцот на дрога во Албанија се на исто ниво колку и заработката на целиот сектор на образованието или рестораните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП