
Граѓаните денеска ќе можат да го посетат Собранието на Република Македонија.


Граѓаните денеска ќе можат да го посетат Собранието на Република Македонија.
„Тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како
значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања“, соопштија од Собранието на Република Македонија.
Собранието е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3113683 или на емаил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетaта.