6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пораст на цената на нафтата

Благ пораст на цената на нафтата

nafta-46886

Цената на нафтата на светскиот пазар е во благ пораст пред состанокот на Организацијата за земјите извознички на нафта (OPEC) закажан за следната недела, кога ќе се разговара за предложените ограничувања на производството.

Во Лондон цената на сурова нафта „брент“ од Северно Море во петокот во претпладневното тргување се зголеми за пет центи и сега изнесува 49 долари по барел.

Во Њујорк цената на светлата сурова нафта се зголеми за два цента, и сега изнесува 47.98 долари по барел нафта.

Аналитичарите наведуваат дека активноста на пазарот е слаба поради празникот Ден на благодарноста во САД.

OPEC ќе се состане на 30-ти ноември поради координација на намалување на производството на нафта во Алжир во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП