6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и Украина ќе работат за енергетска ефикасност и зелена енергија

ЕУ и Украина ќе работат за енергетска ефикасност и зелена енергија

artike33

Европската комисија и Украина потпишаа нов Меморандум за соработка во областа на енергетиката, соопштуваат од Брисел. Договорот е насочен кон соработка во различни области, меѓу кои енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Досега двете страни се фокусираа главно на енергетската безбедност, нуклеарната безбедност, инфраструктурата и реформите на енергетскиот пазар.

„Украина е долгогодишен стратешки партнер на ЕУ. Тоа е безбедно транзитна земја за рускиот природен гас кон земјите од ЕУ дури и во последните турбулентни времиња“, коментира комесарот задолжен за европскиот енергетски пазар, Марони Шефчович.

Тој коментира дека ЕУ ќе се обиде да ја задржи оваа улога на Киев и во иднина, како и дека Украина ја поддржува Енергетската унија и би сакала да е стратешки партнер во нејзиното создавање.

Новиот меморандум е доказ дека Украина ги има имплементирано важните реформи во областа на енергетиката, особено во гасниот сектор, истакна од своја страна комесарот за енергетика и активности во климата Мигел Ариас Канете. Тој додаде дека ја поздрави ратификацијата на договорот за климата од страна на Киев.

Марони Шефчович ќе биде во Москва на 25-ти ноември за да разговара за „жешки“ енергетски теми со руската страна. Според прелиминарните информации разговорите ќе бидат насочени кон снабдувањето со природен гас во зима, како и транзитот на природен гас преку Украина по 2019-та година.

Според аналитичарот Тиери Брос сепак има некои индикации дека ЕУ ја повлекува поддршката за Украина во конфликтот со Русија. Доказ за тоа е дозвола од ЕК, „Газпром“ да има пристап до уште 40% од капацитетот на „OPAL“, макар и преку учество во аукции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП