2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје ги прогласи најдобрите угостителски објекти

Град Скопје ги прогласи најдобрите угостителски објекти

ugos

Град Скопје традиционално во соработка со Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, го реализираше проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите, а годинава за првпат се избираа и трите најдобри кафе барови на подрачјето на град Скопје.

Проектот Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите се спроведува по деветти пат, а плакетите на најдобрите, денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Годинава за најдобри три ресторани се избрани: 1. „Фиш“, 2. „Lyra“ (Лајра), 3.„Рагуза“, најдобри три гостилници се: 1. „Дукат“, 2. „Срна“ и на третото место се пласираше „Канцона“, а најдобри во категоријата кафе барови се: 1.„Скај бар Русија“, 2. „АБЦ кафе бар“ и 3. „Баду бар“.

Кристијана Ивановска Доревска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 30 септември за кафе баровите и од 1 до 31 октомври за рестораните и гостилниците, биле опфатени 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафулиња на територијата на Скопје. Спроведени биле вкупно 300 посети на гостилниците и рестораните, а во кафулињата имало 210 посети, односно секој објект бил посетен три пати.

Според истражувањето, од вкупно 100 угостителски објекти, 16 гостилници оствариле високи над 90% и 24 ресторани, и годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати, односно под 50 %.

Кога станува збор за кафулињата резултатите од истражувањата се со сегмент на средни, односно само едно кафуле остварило високи резултати над 90%, но радува фактот што ниту едно кафуле не остварило низок резултат, односно под 50%.

Како и изминатите години се оценуваа следниве стандарди:
– прв контакт (поздравување и упатување кон местото на седење, приоѓање на келнерот, поздравување);
– хигиена на објектот (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени);
– тоалет (хигиена на простор и санитарии, бришачи за раце, заклучување);
– амбиент (осветлување, температура, миризба, музика);
– услуга на келнери (љубезност, проактивност, посветеност, однесување);
– општа услуга (асортиман,адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка);
– квалитет на храна ( свежина, количина, вкус)-само за рестораните и гостилниците;
– завршен контакт ( заблагодарување и отпоздравување).

Резултатите од истражувањето беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.

Проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП