7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна изградбата на мостот кај Зрновци

Почна изградбата на мостот кај Зрновци

zrnovci-most33

Почна изградбата на новиот мост на реката Брегалница кај Зрновци, кој претставува главна артерија што ја поврзува општината со градот Кочани. Финансиран со средства од Европската унија, во рамки на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите, изградбата на мостот ќе чини скоро 800.000 долари.

Се сечат дрвјата околу мостот, се отстранува железната ограда како и дел од потпорните ѕидови.

„Секојдневното поминување по мостот и покрај забраната претставуваше голема опасност за жителите. Сега со помош на ЕУ, почнуваме со изградба на нов, модерен мост, долг 100 метри и широк осум метри, изјави градоначалникот на општина Зрновци, Блаже Станков. „Бидејќи стариот мост целосно ќе се отстрани, со цел да се обезбеди конекција со градот Кочани, додека трае изградбата на новиот мост, општината направи алтернативен премин.“

За време на поплавите во февруари 2015 година стариот мост, изграден пред половина век, беше сериозно оштетен и на него беше ставена забрана за поминување.

„Договоривме со фирма која зема обврска да пробие пат и постави бетонски пропусти на реката. Веќе овој премин функционира и ги задоволува потребите за сите моторни возила, автомобили, автобуси, камиони и сл. Ние како општина земавме обврска и одржавање на овој премин, така да очекувам дека нема да има никакви проблеми. Нивото на водостојот ќе го регулираме преку брана Калиманци, а во дадени моменти планираме да пренасочеме вода и по десниот и лев магистрален канал за наводнување и истата би се испуштала во Брегалница после поставениот алтернативан мост, и со тоа да спречиме преливање преку пропустите“, вели Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Мостот се очекува да биде завршен до средината на идната година, или најдоцна до септември кога завршува програмата за санација на штети од поплавите во 2015 год..

Инаку за жителите од Зрновци и неколку населени места од оваа општина и понатаму важат алтернативните патни правци преку Виница кон Кочани и преку Мородвис, Теранци и Облешево.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП