6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската побарувачка за коли по Brexit е во застој

Британската побарувачка за коли по Brexit е во застој

traffic-london44

Велика Британија произведе помалку коли минатиот месец поради побавната побарувачка и поради лоби групите кои сакаат индустријата да го обнови договорот за слободна трговија откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија, пренесуваат светските агенции.

Севкупно производството падна за еден отсто на 151.795 единици во октомври. Побарувачката за британски модели за извоз се зголеми за 81 отсто, но се намали побарувачката за британскиот пазар за 10,9 отсто.

Податоците покажуваат дека продажбата на автомобили е со намалено темпо од одржувањето на референдумот за излегување од Европската унија.

Странските компании кои имаат удел во британските произведувачи на автомобили, бараат од владата гаранции дека нивните возила нема да се соочат со тарифи и даноци по излегувањето од ЕУ.

Клучно е британските автомобили да останат привлечни за странските потрошувачи и да не се предмет на дополнителни тарифи, трошоци и други пречки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП