6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрапските држави ќе воведуваат ДДВ

Арапските држави ќе воведуваат ДДВ

luksuz-business-saudijska-arabija-nafta-kriza-2

Асоцијацијата на Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Оман, Катар и Обединети Арапски Емирати се согласија да воведе данок на додадена вредност ДДВ, пренесуваат светските агенции.

Во обид да го намали буџетскиот дефицит, Саудиска Арабија веќе повлече десетици милијарди долари од глобалните инвестициски фондови, меѓутоа парите и понатаму се одливаат како резултат на агресивната надворешна политика, поддршка на анти-владините сили во Сирија и воената кампања во Јемен против бунтовниците подржани од Иран што трае осум месеци.

Одданочувањето до сега се сметаше како алтернативен извор на приходи за заливските држави. Намерата на советот ДДВ-то да го воведат во наредниве три години. Во нивниот модел на ДДВ се исклучени здравството, образованието и социјалните услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП