6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија, САД, Кина и Германија имаат најголем извоз од онлајн нарачки

Велика Британија, САД, Кина и Германија имаат најголем извоз од онлајн нарачки

shoping-internet3

Уделот на прекуграничните онлајн трансакции расте брзо, а корисниците постепено почнуваат да се чувствуваат посигурни кога купуваат од странски веб-сајтови. Трговците прифаќаат различни методи на плаќање, за да си обезбедат поголема продажба и имаат тенденција да прават испораки до речиси секој дел од светот, покажува новиот извештај на компанијата за недвижности „Colliers“.

Велика Британија, САД, Кина и Германија се пазарите кои реализираат најголемиот извоз, како резултат на онлајн нарачките. До 2020-та година 45% од интернет корисниците ќе купуваат од други земји. Вредноста на овој вид продажба се очекува да се зголеми од 230 милијарди долари во 2014-та година до 1 илјади милијарди долари во 2020-та година.

Преференциите кон онлајн шопингот се зајакнуваат, но и покрај тоа корисничкото однесување во однос на купувањата и плаќањата останува прилично разнолики во различни земји, се наведува во извештајот.

Европскиот пазар на кој онлајн трговијата е најсилно застапен, е Обединетото Кралство, каде трансакциите изнесуваат околу 130 милијарди фунти годишно. Британците се меѓу корисниците кои покажуваат најголема техничка писменост, па од 78% интернет корисници над 65% купуваат онлајн.

За разлика од нив, другите земји покажуваат побавно темпо на перцепција на овој тип шопинг. Италијанците се меѓу оние кои најмалку го претпочитаат во Западна Европа. 68% од нив имаат пристап до интернет, од кои само 26% купуваат онлајн.

Извештајот ги истражува и преференциите на купувачите кон одредени типови порамнувања во различни земји во светот.

Паричните порамнувања остануваат најмногу распространети во Кина, Русија, Шпанија, Германија, Полска и Италија. Во ниту една европска држава не се користат толку чекови, како во Франција, а Холанѓаните и Швеѓаните полека преминуваат кон целосно исклучување на плаќањата во готово. Тие преферираат и технолошки платформи како „iDEAL“ и „Swish“; шведска апликација која е создадена да им олесни на пријателите да ја поделат сметката во ресторанот, и во моментот се користи од над 50% од населението во државата.

29% од онлајн продажбата во Велика Британија е реализирана преку мобилните уреди во 2015-та година, покажуваат податоците од извештајот.

Купувачите на Островот често купуваат од меѓународни онлајн платформи, а 56% направиле купувања од Кина и САД.

Една четвртина од онлајн нарачките во Русија пак се од меѓународни сајтови, а 80% од нив се кинески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП