6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска Банка: Скромен раст во Европа и централна Азија

Светска Банка: Скромен раст во Европа и централна Азија

svetska-banka-35350

Растот на БДП во 2016-та година за земјите од регионот на Европа и Централна Азија ќе биде скромен, односно ниските цени на нафтата и останатите производите во источниот дел на регионот, намалувањето на стапките на инвестиции во Европската унија и тековните структурни предизвици во сите земји го попречуваат растот на регионот, стои во најновиот економски преглед за регионот на Европа и централна Азија при Светска Банка.

Предвидено е растот да остане позитивен во источна Европа и централна Азија, со раст на БДП од 0,7 отсто во 2016-та година, 2,3 отсто во 2017-та година, и 2,6 отсто во 2018-та година. Растот на Европската унија се очекува да се намалали, додека во западен Балкан е предвиден да расте од очекуваните 2,7 отсто во 2016-та година , до 3,2 отсто во 2017-та година и 3,5 отсто во 2018-та година.

Извештајот тврди дека во отсуство на силен политички одговор, тековните структурни предизвици ги попречуваат економиите во регионот, заканувајќи се да ги нарушат растот и намалувањето на сиромаштијата.

Брзото зголемување на привремените и работни места со скратено работно време, како и промените во побарувачката на вештини, предводени од новите дигитални технологии ја зголемуваат загриженоста на луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП