6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија нема да го попречува „Северен поток 2“

Германија нема да го попречува „Северен поток 2“

severen-potok-dva33

Германската федерална влада нема да прави политички пречки за проектот за проширувањето на „Северен поток“, гарантира шефот на одделот за меѓународна енергетска политика во Министерството за економија и енергетика, Урсула Борак.

Проектот припаѓа на компаниите кои се акционери во него, и одлуката дали ќе биде реализиран, зависи од нив, коментира таа.

„Северен поток 2“ добива критики од земјите во Централна и Источна Европа, со образложение дека овој гасовод го зголемува влијанието на Русија на Стариот континент.

„Газпром“ планира изградба на два нови гасоводи со цел да се избегне транзитот преку Украина. Едниот од нив ја повторува трасата на „Северен поток“ по дното на Балтичкото Море. Другиот – „Турски поток“ ќе минува по дното на Црното Море и го заменува „Јужен поток“.

Според министерот за надворешни работи на Полска, Витолд Вашиковски сепак Русија нема да има потреба да гради уште еден гасовод во Балтичкото Море. „Газпром“ може да користи поголем капацитет по „OPAL“ – реалното издолжување на „Северен поток“ од Германија кон Централна Европа, и тоа ќе ги направи непотребни трошоците за новиот проект.

Самата Полска е меѓу најголемите противници на „Северен поток 2“. Во Москва го објаснуваат овој отпор со губење на милијарди долари, кои земјата ги добива во форма на транзитни такси за гасот кој поминува низ нејзината територија.

Истите се мотивите и на Украина, која веќе побара од европските институции да не дозволат изградба на нови гасоводи кои ја опкружуваат нејзината територија, објаснуваат од руска страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП