11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го девалвираше јуанот на осумгодишен минимум

Кина го девалвираше јуанот на осумгодишен минимум

4f9af59183fa76281482faeff2401892_700x550

Кина изврши девалвација на јуанот во однос на доларот, прв пат намалувајќи ја неговата вредност на најниското ниво во повеќе од осум години.

Одлуката дошла бидејќи растечкиот долар врши притисок на кинеската валута.

Народната банка на Кина го утврди курсот на јуанот, познат и под називот ренминби, на ниво од 6,9085 јуани за долар, што е за 0,26 проценти пониско во однос на вчерашниот курс, според податоците на Кинескиот систем за трговија со девизи, пренесува агенцијата Франс прес.

Доларот скокна на 14-годишен максимим, бидејќи пазарите очекуваат дека американската Управа за федерални резерви (ФЕД) наредниот месец ќе ги подигне каматните стапки. Кина го регулира курсот на својата валута во согласност со правилникот кој дозволува отстапки од два проценти дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП