18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМладата компанија Bai закана за Coca Cola и Pepsi

Младата компанија Bai закана за Coca Cola и Pepsi

bai_phonekiosks

Младата компанија Bai, која се уште не е добро позната на интернационалниот пазар преставува нова закана за големите гиганти Pepsi и Coca Cola, кои во изминативе години имаат голем пад на продажбата на газирани сокови, пренесуваат светските медиуми.

Bai е компанија која релативно кратко постои на пазарот но сепак остварува бомбастичен годишен раст, па така за 2016-та година се очекува да остварат профит од 300 милиони долари, а како најголем „виновник” за овие резултати се смета ангажманот на пејачот Џастин Тимберлејк, кој воедно е и новото заштитно лице на оваа компанија, но исто така тој и инвеститор.

Тоа што треба да ги загрижува гигантите Pepsi и Coca Cola е што брендот Dr.Pepper вложи неверојатни 1.3 милијарди долари за дополнителен развој. Bai соковите за кратко станаа популарни со иновативните пакувања, но и со разновидната понуда која е модерна и поздрава во однос на пијалоците кои се полни со шекери и конзерванси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП