2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија со намален економски раст ќе ги почне преговорите за Brexit

Британската економија со намален економски раст ќе ги почне преговорите за Brexit

velika-britanija545343

Британската економија со намален економски раст ќе ги започне преговорите за напуштање на Европската унија и со зголемен долг, покажува извештајот за состојбата на земјата презентиран во Парламентот, пренесуваат светските агенции.

Во 2017-та година, за кога е најавено започнувањето на преговорите со ЕУ за излегување од Унијата, се предвидува намалување на растот од 1,4 отсто, што е помалку од прогнозите направени во март годинава.

Од почетокот на идната година, па во наредните пет години, предвидено е зголемување на долгот на државата за нови 122 милијарди фунти, од кои 60 милијарди ќе се наменатат директно за Brexit.

Владата најавува низа мерки за одржување на состојбата на економијата и за зголемување на благосостојбата на луѓето со покачување на цената за еден час на 7,5 фунти, како и со откажување на таксата за гориво и со интервенции во социјалната сфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП