25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus дели 1.000 откази

Airbus дели 1.000 откази

11243509875835c2ecc6f2a666703453_w640

Францускиот производител на авиони Airbus ќе укине 1.000 или повеќе работни места во Франција и Германија.

Отказите се планирани во програмата за реструктуирање на работењето, соопштија синдикатите.

Најавените откази најмногу ќе ги погодат работниците во  Сирена, близу Париз и Отобрун близу Минхен, пренесува агенцијата Франс прес.

Раководството на „Airbus“ веќе идентификуваше 782 работни места кои ќе бидат укинати, се наведува во соопштението на синдиктатот CFTC.

„Мислам дека тоа ќе се заврши со отпуштање на повеќе илјади луѓе“ изјави секретарот на синдикатот Жан Марк Ескор.

Портпаролот на „Airbus“ ваквите податоци ги нарече шпекулации, порачувајќи дека компанијата нема да издава соопштенија се додека преговара со синдикатите.

„Airbus“ има близу 140.000 вработени лица ширум светот. Компанијата и претходно делеше откази, особено во 2007 и 2008 година, но единствено преку програмата за доброволно напуштање, пензионирање или преместување на друга позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП