2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСé уште не е тргната забраната за емитување на македонска, српска и...

Сé уште не е тргната забраната за емитување на македонска, српска и хрватска музика

zamp333

Министерството за култура неодамна соопшти дека донело решение за запирање на одлуката на ЗАМП со која се забранува емитување авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување, бидејќи е оценето дека не е во согласност со одредбите на Законот за авторското право и сродните права. Како одговор на оваа одлука на Министерството за култура дадоа официјално соопштение во кое наведуваат дека само ЗАМП има право да ја укине својата одлука за забрана на македонската музика.

„Од ЗАМП во соопштението наведуваат дека поради незаконските одлуки на Министерството за култура и евентуалните повреди на моралните и материјалните права на авторите, препорачуваат трговските радиодифузни друштва да продолжат да се придржуваат до одлуките на авторите на ЗАМП се додека судот не донесе правосилна судска одлука или додека авторите сами не ја ставаат вон сила забраната за јавно емитување музика“, стои во посоченото соопштение.

Покрај забраната од ЗАМП за емитување на македонска, српска и хрватска музика, во моментов имаме една хаотична ситуација, некои медиуми пуштаат музика, некои не. Претседателот на Собранието на ЗАМП, Милован Глишиќ најави омекнување на ставовите и брзо изнаоѓање на заеднички јазик меѓу авторите ЗАМП како организација и медиумите.

„Забраната е онаа која е дадена од страна на авторите, здруженијата од екс ЈУ републиките, не може некој од публиката да стави забрана, можат само авторите да ја отповикаат или колективните здруженија. Медиумите кои пуштаат музика може да бидат санкционирани, тие можат да се соочат со казни, целата програма е мониторирана и ЗАМП и бившите ЈУ републики ќе имаат начин на кој ќе се справат со тоа. Вашето право не може никој да го отповика’, остана дециден е Глишиќ во изјавата за Макфас коментирајќи го официјалниот став на ЗАМП.

На констатацијата дека некои медиуми веќе пуштаат музика, Глишиќ одговори дека најдобро е да се прашаат корисниците, зошто го прават тоа и дека тие како ЗАМП се во постапка на омекнување, повторно бараат начин на заеднички дијалог. Во прилог на тоа некои ја спуштија тарифата, во име на некои нешта, вели претседателот на Собранието на ЗАМП.

„Сепак забраната стои сé додека не се добие некаков судски епилог. Само авторите можат да го направат тоа, да се омекне ставот и да се добие некакво времено решение..“, прецизираше Глишиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП