17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРоманот „Зад аголот“ од Томислав Османли објавен на турски јазик

Романот „Зад аголот“ од Томислав Османли објавен на турски јазик

17092012094705_tomislav-osmanli

Издавачката куќа „Библион“ од Истанбул го објави преводот на романот „Зад аголот“ од македонскиот писател Томислав Османли на турски јазик.

Романот, која на македонски е објавен во издание на „Магор“ во 2012 година, на турски го преведе Мехмед Јонуз.

Ова е втор, структурно покомплексен роман на Томислав Османли, по претходно наградениот роман „Дваесет и првиот“.

„Зад аголот“ развива девет линии на дејства од кои дел се преплетуваат, а дел се продолжуваат при што неговиот хронотоп има опфат од јонската и атичката антика, до современа Европа, Азија и Америка со фокус врз 1999, односно до математички и симболички последната година на минатиот век.

Во 2012-та, кога се појави, романот „Зад аголот“ на Османли беше финалист на сите домашни прозни награди.
Објавувањето во Истанбул е со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија преку конкурсот за субвенционирање странски издавачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП