3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на еврозоната во ноември пораснала најсилно годинава

Економијата на еврозоната во ноември пораснала најсилно годинава

evrozonata

Економските активности во еврозоната пораснале во ноември со најсилното темпо во текот на годинава, процени во средата во месечното истражување компанијата Markit, а во претстојниот период растот би можел дополнително да забрза имајќи го предвид силниот прилив на новите нарачки.

Индексот на менаџерите на набавките (PMI) во приватниот сектор во еврозоната пораснала во ноември на 54,1 поен, од 53,3 поени колку што изнесуваше во октомври, проценуваат во Markit. Тоа е неговата најголема вредност годинава, додаваат.

„Прелиминарните резултати за PMI во ноември укажуваат на најсилниот месечен раст на деловните активности во оваа години, со многубројни сигнали дека растот дополнително ќе забрза во претстојниот период“, констатира главниот економист на Markit, Крис Вилијамсон.

„Особено охрабрува трупањето на недовршените нарачки, најсилно од мај 2011 година. Сé повеќе компании ги зголемуваат капацитетите поради таложењето на нереализираните нарачки, што, пак, доведе, до најсилното зголемување на вработеноста од глобалната финансиска криза“ во 2008 година, додава Вилијамсон.

Тоа трупање на работите, пак, од своја страна е поврзано со најсилниот прилив на нови нарачки од крајот на минатата 2015 година, истакнуваат од Markit.

Активностите растеле со воедначено темпо во производствениот и во услужниот сектор, а меѓу водечките економии Германија повторно забележа силен раст, додека во Франција активностите забрзале.

„Функционерите на Европската централна банка (ECB), исто така, ќе бидат задоволни поради стабилното јакнење на инфлаторните притисоци. Просечните продажни цени на стоките и услуги пораснале нaјсилно во повеќе од пет години, иако тој раст е всушност многу умерен“, истакнува главниот економист во Markit.

Преоценува, сепак, дека е веројатно натамошното јакнење на ценовните притисоци следните месеци, имајќи го предвид трупањето на работите и подолгиот период на испораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП