6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАElitePad-900 таблет за деловни корисници

ElitePad-900 таблет за деловни корисници

HP-ElitePad-900-Center-640x544

Компанијата „HP“ го претстави таблетот „ElitePad 900“ кој работи на „Windows 8“ и е наменет за деловните корисници.

Според нив „ElitePad 900“ е погоден за употреба во државните институции, здраствениот систем и малопродажбата, а нуди и дополнителна опрема „HP ElitePad Smart Jackets“ која овозможува дополнителни опции за поврзување и долго траење на батеријата со посебни додатоци со кои се прилагодува таблетот на специфичните корисници.

„HP ElitePad“ има екран со дијагонала од 10.1-инчи, тежок е 0.68kg и има дебелина од 9,2mm. Изграден е од врвни материјални, како што е „CNC“-машински обработен алуминиум и „Corning Gorilla Glass 2“. Овој таблет работи на „Intel“ мобилен процесор.

„Многу компании се принудени при купувањето на технички уреди на прво место да ја стават функционалноста, наместо дизајнот. Комбинираниот стил и корисничкото искуство со „IT“ карактеристиките, „HP ElitePad“ покажува дека корисниците сепак можат да имаат се“, изјави директорот на „HP“, Гервалд ван дер Гијп.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП