13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска отворено Vip Лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“

Од денеска отворено Vip Лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“

199941_190204831024895_7119519_n

Со доаѓањето на зимата сè попопуларни стануваат зимските спортови, а како и минатите години, така и оваа Vip Лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе овозможи оптимални услови и убавина да се лизга на вистински мраз за сите љубители на рекреативното и уметничкото лизгање.
.
Од 23-ти ноември Vip Лизгалиштето ја започнува новата сезона, каде што покрај Школата за уметничко лизгање и хокеј тренинзите, има и термини за рекреативно лизгање за сите граѓани кои можат да дојдат да изнајмат лизгалки или пак да си донесат свои и да уживаат на вистинскиот мраз.

И оваа сезона на лизгалиштето ќе се имплементираат различни програми на рекреативно лизгање со кои уживањето и добрата забава за време на лизгањето е загарантирана.

Сите оние коишто сакаат рекреативно да лизгаат можат да го посетат лизгалиштето во термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, според следниот распоред:

Понеделник: од 10:00 часот до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Вторник: од 10:00 до 19:00 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Среда: од 10:00 до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Четврток: од 10:00 до 19:00 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Петок: од 10:00 до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Сабота: од 11:00 до 22:00 часот.
Недела: од 11:00 до 22:00 часот.

Билет за рекреативно лизгање (плус лизгалки) чини 150.00 ден. Билет без лизгалки чини 100.00 ден.
За групна посета (над 30 луѓе) со вклучени лизгалки билетот чини 100.00 ден. Изнајмување на лизгалки чини 50.00 ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП