8 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелигденско Џамбо Бинго на 6 мај

Велигденско Џамбо Бинго на 6 мај

bingo

Државната лотарија на Македонија по повод големиот христијански празник Велигден подготвува специјално Велигденско Џамбо Бинго кое ќе се емитува на 6 мај на Македонската телевизија.

Велигденското Џамбо Бинго, кое ќе започне во 20 часот и 45 минути, нуди можност за добивка на два автомобили „пежо 107“ до 9-тиот број, како и можност за премијата Макси Џамбо од 2.000.000 денари и многу други вредни награди.

Уплатата за ова празнично Џамбо Бинго е во тек, на сите продажни места низ државата.

Државната лотарија на Македонија информира дека низ градовите во државата во тек е и промотивен караван за Велигденските празници. Досега посетени се Сити Мол и Градскиот парк во Скопје, како и градовите Берово, Прилеп, Битола и Куманово. Денеска караванот ќе биде во Крива Паланка, а од утре ќе ги посети Кавадарци, Струга, Кочани, Штип, Велес, Гевгелија, Охрид, Струмица и плоштадот Македонија во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП