12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија ги намали прогнозите за раст

Италија ги намали прогнозите за раст

752795587583559a109945457170764_w640

Италијанската агенција за статистика ИСТАТ, ја намали прогнозата за раст на бруто домашниот производ (БДП) за оваа година на 0,8 проценти од претходните 1,1 проценти.

Како причина ги наведе слабата потрошувачка, инвестициите и странската побарувачка кои биле пониски од тоа што се очекувало.

Како што пренесува агенцијата Ројтерс, се проценува дека растот веројатно ќе забави во последните три месеци од 2016 година, откако производството на италијанската економија порасна повеќе од очекуваното во третиот квартал, за 0,3 проценти, наведе ИСТАТ во прогнозата која ја објавува два пати годишно.

Проценкта на ИСТАТ за растот на БДП од 0,8 проценти во оваа година и од 0,9 проенти во 2017, главно е во склад со владините прогнози.

И покрај слабата динамика на растот, невработеноста во Италија ќе опадне оваа година на 11,5 проценти а догодина на 11,3 проценти, предвидуваат од ИСТАТ.

Италијанската агенција за статистика во мајската прогноза го процени годишниот економски ратст за оваа година на 1,1 проценти, потсетува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП