13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали новата 2017 ќе донесе и нова структура на двете големи банки...

Дали новата 2017 ќе донесе и нова структура на двете големи банки во Македонија

bankomati133

По неодамнешните медиумски шпекулации од Грција и Словенија, деновиве сé понеизвесно е прашањето околу продажбата на двете големи банки НЛБ Љубланска банка, односно НЛБ Банка, и регионалните банки во сопственост на грчката Национална банка, односно на Стопанска банка АД Скопје.

До крајот на 2017 година, словенечката влада би требало да продаде мнозински пакет од 75 отсто од НЛБ Љубљанска банка.

Според пишувањата на тамошните медиуми, владата има оптимистички очекувања од над 900 милиони евра за доминатниот пакет, што според многумина е нереална вредност.

Подажбата, според првичните информации, би се реализирала преку јавна понуда на акции, каде се очекува големи светски банки да ги дадат своите понуди.

Доколку се реализира оваа одлука на словенечките власти, и во Македонија ќе има одрдени промени и во сопственоста на една од трите најголеми банки во земјава – НЛБ Банка, каде словенечката НЛБ поседува 86 отсто од акциите.

Промени ќе има и во сопственоста на еден од приватните пензиски фондови, Нов пензиски фонд каде што НЛБ Банка е доминантен сопственик.

Од друга страна, полека истекува рокот до кој Грчката национална банка би требало да се ослободи од своите удели во банките во странство.

Нацрт планот за реконструирање предвидува дека Националната банка на Грција може да го задржи своето присуство во Турција, преку одржување на мнозинскиот удел во Финасбанк, но до јуни 2018 година да мора да се повлече од сите останати пазари како што се: Македонија, Албанија, Бугарија, Србија и Романија, но и од Јужна Африка и Египет.

Од Стопанска банка Скопје по објавата на Катимерини реагираа дека не постојат официјани информации околу евентуалната промена на сопственичката структура.

Кога станува прашање за нивното работење, и двете банки уриваат рекорди кога станува збор за добивката од нивното работење, што ќе биде доволен фактор кој ќе влијае врз цената на нивната евентуална продажба на нивните матични банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП