9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските компании започнаа со големи инвестиции во Русија

Светските компании започнаа со големи инвестиции во Русија

crven-plostad-moskva_620x465

Големите компании како Шведската Ikea Group, француската Leroy Merlin SA и останатизапочнаа со вложување на големи инвестиции во нови фабрики и стоковни куќи во Русија, со надеж дека руските потрошувачи ќе се разбудат од хибернација по двете години поминати во рецесија, пренесуваат светските агенции.

Ikea планира да вложи 1,6 милијарди долари во стоковни куќи во наредните пет години. Leroy Merlin SA во септември објави план од две милијарди долари за зголемување на своите продавници во Русија во наредните неколку години. Pfizer Inc веќе гради нова фабрика, додека Mars Inc. ја разгледува опцијата да отвори фабрика за храна за домашни миленици.

Русија останува трет најголем пазар по САД и Мексико за производите на PepsiCo Inc., која најави изградба на фабрика за бебешка храна во јужната област на Русија во вредност од 40 милиони долари. Ikea оваа есен отвори фабрика за мебел во близина на Санкт Петерзбург вредна 60 милиони долари и купи парцели за нов трговски центар.Производителот планира да го зголеми своето производство на 80 отсто во Русија во следниве години и веќе започна со извезување на руски кревети на пазарите во Кина и останат мебел во Европа.

Странските директни инвестиции изнесувале 8,3 милијарди долари во првите девет месеци, 5,9 милијарди повеќе од минатата 2015 година,кога на сила беа санкциите на Европската Унија. Сепак најголем проблем за инвеститорите е корупцијата и локалната бирократијата во Русија, коментираат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП