12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEFTA ќе и понуди членство на Велика Британија

EFTA ќе и понуди членство на Велика Британија

london777

Земјите од Европската асоцијација за слободна економија (EFTA), ја разгледуваат можноста да ја поканат Велика Британија да стане членка на оваа организација, откако земјата ќе ја напушти Европската унија (ЕУ), пренесуваат светските агенции.

За време на седницата земјите членки на асоцијацијата (Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн ) разгледувале какви ќе бидат односите со Велика Британија по заминувањето од ЕУ. Кралството е важен трговски партнер на EFTA и стремежот ќе биде да ги задржат трговските и економските односи меѓу земјите и во иднина.

Членките на EFTA дискутирале уште и за склучување на два трговски договори – со Индија и Индонезија во 2017-та година, како и напредокот во преговорите за слични договори со Малезија и Виетнам и веќе започнатите разговори со Еквадор.

Надвор од ЕУ, организацијата склучила 27 договори за слободна економија со 38 земји.

Европската асоцијација за слободна економија – EFTA е создадена на 3 мај 1960-та година, како алтернатаива за европските држави кои не им било дозволено или не сакале да се придружат кон Европската заедница (денес Европска унија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП