12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска ќе ги укине даноците за производство на сончева енергија преку соларни...

Шведска ќе ги укине даноците за производство на сончева енергија преку соларни панели

solarni-paneli_4

Шведска е во завршна фаза од процесот да ги укине даноците за производство на соларна енергија во 2017 година. Шведска планира да премине целосно на енергија од обновливи извори до 2040 година.

Сончевата енергија е слабо развиена во скандинавските земји. Соларните капацитети претставуваат помалку од 0,1 отсто од производството на електрична енергија преку фотоволтаици. Шведска најмногу се потпира на хидроцентралите (39 отсто) и нуклеарната енергија (36 отсто).

Провајдерите на електрична енергија ќе се одданочуваат само со 500 круни (51 евро) за мегават, што претставува намалување за 98 отсто во однос на сегашното ниво.

Во октомври енергетскиот регулатор пресметал дека за да се постигне целта од 100 отсто на обновлива енергија, уделот на електрична енергија добиена од соларните панели треба да се зголеми за 5 до 10 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП