30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМетропол започна со откупување на акции

Метропол започна со откупување на акции

berza

Преку трговска трансакција на Македонска Берза АД Скопје Хотели Метропол АД Охрид изврши откуп на 2.000 сопствени акции.

По извршениот откуп Друштвото поседува вкупно 10.611 сопствени акции, што претставува 1,025 отсто од главнината.

Во периодот од 01.01.2016 до 30.09.2016 година, Хотели Метропол АД Охрид во своето работење бележи намален број на ноќевања од 13,47 отсто во однос на истиот период во 2015 година или остварени 57.364 ноќевања, при тоа остварен е позитивен финансиски резултат од 24,8 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП