
Албанскиот премиер Еди Рама најави целосно укинување на данокот за малите компании, односно за сите оние кои имаат годишен промет помал од 36.400 евра.


Албанскиот премиер Еди Рама најави целосно укинување на данокот за малите компании, односно за сите оние кои имаат годишен промет помал од 36.400 евра.
Намалени се и даноците за поголемите компании, така сите кои ќе остварат годишен промет од 36.400 до 58.200 евра, од сега ќе плаќаат данок на приход од само 5 отсто.
Албанија на тој начин сака да даде дополнителен поттик на секторот на малите и средните компании, за да се приближи до западноевропскиот модел за даночење и одлична можност за привлекување на инвеститори.