27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија порано го исплати долгот кон ММФ

Португалија порано го исплати долгот кон ММФ

dolg-debt

Португалската влада соопшти дека порано го исплатила долгот од две милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Тој во 2011 година придонесе за обезбедување на кредит за спасување на од долгови притиснатата Португалија во износ од 78 милијарди евра.

Министерството за финансии на Португалија наведе дека заштедило 41 милион евра поради предвременото враќање на долгот, за кој рокот беше до февруари 2019 година.

Аналитичарите оченуваат дека соопштението е дел од напорите на владата да ја ублажи загриженоста на инвеститорите поради нивото на задолженост на Португалија.

Се очекува дека дефицитот во буџетот на Португалија оваа година ќе биде намален на околу 2,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП