3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК планира да воведе построги правила за големите странски банки

ЕК планира да воведе построги правила за големите странски банки

ECB shows disposition to reactivate bonds buying

Европската комисија (ЕК) има намера да воведе построги правила за големите странски банки кои се активни во Европската унија (ЕУ), соопшти „Франс прес“, повикувајќи се на извор од Комисијата.

Предлогот се очекува да биде претставен од ЕК кон големиот банкарски пакет.

Таков предлог би ја усложнило ситуацијата и на Велика Британија, бидејќи ќе ја засегне при „Brexit“.

Предлогот треба потоа да биде разгледан од 28-те земји членки и Европскиот парламент (ЕП).

„Ќе понудиме ист предлог како Американците спрема големите банки од трети земји во Европа: сакаме да воведеме нови услови за банките од трети земји во развој кои имаат значајна активност во Европа, чија цел е да се поедностави и зацврсти реструктуирањето во случај на тешкотии“, наведува изворот на новинската агенција.

Комисијата смета дека мерката ќе овозможи да биде заштитен европскиот даночен обврзник во случај на банкрот на странска банка во ЕУ, со што ќе избегне спасување на финансиските институции со јавни средства.

Пред помалку од три години американските власти одлучија да воведат построги финансиски норми за големите странски банки, со развојна активност во САД. Новата рамка беше изработена во контекст на финансиската криза од 2008-ма година.

Своевремено еврокомесарот за финансиски услуги Мишел Барние ги обвини САД за протекционизам поради преземените мерки, потсетуваат агенциите.

Конкретно во случајот со ЕУ се планира да се воведе услов за банките од трети земји да создадат компанија „мајка“, која може да биде реконструирана или искоренета, за да се ограничи влијанието врз потрошувачите и целата економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП