1 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Аеродром ќе се собира електронски и електричен отпад

Во Аеродром ќе се собира електронски и електричен отпад

fba03d78e4cd394a9098e8bb58316923

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, од сабота, 26.11.2016 година, ќе почне голема еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, која пак, ќе се одржува секоја наредна сабота во различна урбана заедница.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Се повикуваат граѓаните на Општина Аеродром да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, во сабота, 26.11.2016 година, во урбаната заедница Стар Аеродром од 10 до 12 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар