2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите луѓе сметаат дека нема да најдат работа заради политичките врски

Младите луѓе сметаат дека нема да најдат работа заради политичките врски

unhappy-manager

Во Македонија, несомнено е загрижувачка стапката на невработеност на младите која изнесува 52,9 отсто што ја рангира земјата на трето место на светската листа (на прво место е Босна и Херцеговина, а на второ Грција).

Истражувачките резултати од Студијата за млади од 2013 година, посочија и некои други интересни сознанија, како што се податоците дека: повеќе од 60 отсто од младите над 18 години сметаат дека тешко ќе најдат работа; личните и политичките врски се рангирани на прво место по значајност како фактори за наоѓање на работа, додека платата е најважен фактор за прифаќање на работа; поголемиот дел од младите преферираат да се вработат во јавна администрација, повеќе од 50 отсто размислуваат или се подготвени да ја напуштат земјата главно заради вработување и/или подобрување на финансиската состојба.

Поради наведените сознанија и претпоставки за невработеноста и младите, оваа студија сроведена во 2016 година покрај ставовите кон образованието (формално и неформално); работата; националните мерки и програмите за помош при вработување на младите во земјата – за прв пат ги испитува и мери концептите како што се: кариерна зрелост на невработените млади луѓе во РМ (планирањето на кариерата, информирањето за кариерните можности, преземањето на реални чекори и активности за остварување на кариерата); професионалната определба (начинот на кој младите ја избираат својата професија, подготвеноста да работат во истата или друга, поинаква); ориентацијата кон работата; „работата од соништата“; но и личните карактеристики на невработените млади, како што се: степенот на самодоверба, самоефикасноста и работниот локус на контрола.

Резултатите од студијата треба да придонесат за развој на мерките и програмите и за вработување, како и стратегиите за младите; да поттикнат креирање на соодветни работни места за младите, како во јавниот, така и во приватниот сектор; да им послужат на центрите за кариерно советување на младите и агенциите за (посредување при) вработување; да поттикнат јавна дебата за социјална инклузија на младите преку вработувањето; да влијаат врз проактивно однесување на младите поврзано со вработувањето и кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП