27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците и натаму се најбогатите во светот

Швајцарците и натаму се најбогатите во светот

rich-people-1

Швајцарците се најбогатите луѓе на светот, со просечно богатство од 561. 900 долари за возрасен, објави „Credit Suisse“ во годишниот извештај за богатството со што го потврди првото место на оваа земја веќе 16-та година по ред.

Жителите на САД ги следат со богатство вредно 344.700 долари, a следат Британците кои поседуваат просечно 288.800 долари, наведува во својот извештај најголемата швајцарска банка од Женева. Со падот на фунтата по одлуката на В. Британија за напуштање на ЕУ избришани се вкупно 1,5 милијарди долари од вкупното британско богатсво, потврди „Credit Suisse“.

Прв пат по глобалната финансиска криза од 2008-ма, глобалното просечно богатство по лице стагнираше во 2016-та на 52.800 долари.

Во извештајот исто така се наведува дека прв пат по 2008-ма, оваа година пораснал уделот на непаричниот имот, како дел од богатството на некое домаќинство.

Растот на цената на недвижностите е додаден во приватното богатство во неколку земји, вклучувајќи ја и Германија.

Групата на супербогати луѓе, кои поседуваат најмалку 50 милиони долари, порасна со 4.100 поединци на вкупно 140.900 во текот на минатата година, поттикнат од порастот во азиските земји.

Се проценува дека 33 милиони луѓе во светот имаат помеѓу милион и 50 милиони долари. Богатите Американци сочинуваат 45 проценти од таа група, а Европејците 30 отсто.

На оние од земјите од азиско-пацифичкиот регион, вклучувајќи ги Индија и Кина, отпаѓа 18 посто од богатите. Со 1.6 милиони милионери, комунистичка Кина е дома на пет проценти од нив.

Во клубот на супербогатите, оние кои поседуваат 50 и повеќе милиони, има 140.900 луѓе. Во Кина има 11.000, најмногу по САД каде живеат 70.400, a Германија е трета со 6.100 супербогати.

Најсиромашните 20 отсто од светската популација, оние кои заработуваат до 248 долари., се проценуваат на милијарда. Меѓу нив е 44 посто од т.н. нето должници кои поседуваат помалку 2628 долари.

Речиси една третина од најсиромашните живеат во азиските и африканските држави. Индија е на врвот на оваа листа со 246 милиони луѓе, а следат Кина со 72 милиони и Нигерија со 35 милиони луѓе.

Mеѓу останатите земји кои најмногу придонесуваат во таа сиромашна категорија се Русија со 28 милиони, Украина со 25 милиони и САД со 21 милиони меѓу најсиромашните луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП