17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорекција на МСЕ

Корекција на МСЕ

mk-berza

Втор ден по ред индексот МБИ10 бележи пад, при што во вторникот ја намали својата вредност за 0,93 отсто и моментално изнесува 2.232,33 индексни поени. ОМБ остана непроменет.

Се тргуваше со 16 хартии од вредност од кои дури 9 имаа намалување на вредноста, три хартии беа без промена, а само четири хартии од вредност имаа пораст на вредностите.

Најтргувана беше акцијата на Стопанска банка АД Скопје со промет од 2,1 милиони денари со истргувани 2.231 лотови по просечна цена од 982,01 денари. Меѓу најтргуваните се најдоа и акциите на НЛБ Банка (1,6 милиони), Бетон Скопје (1,2 милиони) и Макпетрол (1,2 милиони).

На официјалната страна на Македонската берза за хартии од вредност Јавен повик за акционерско собрание објавија Охридска банка АД Скопје и ФЗЦ 11 Октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП