15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген се фокусира на електрични автомобили

Фолксваген се фокусира на електрични автомобили

vw

Компанијата Фолксваген се надева дека ќе закрепне од штетата што ја трпи заради скандалот со лажирањето на штетните емисии во издувните гасови кај дизел возилата така што радикално ќе ја промени производната програма воведувајќи повеќе електрични автомобили, со дигитални услуги како што е „поделба на возењето“(ride-sharing) и со повеќе СУВ возила за пазарот во САД.

Херберт Дис, шеф на дивизијата на Фолксваген, го откри планот на компанијата „Трансформ 2025“ на прес конференција во вторник, додавајќи дека „во следните години Фолксваген фундаментално ќе се промени и дека само неколку работи ќе останат исти.

Планот предвидува големо поместување на фокусот кон инвестиции во технологија за електрични автомобили и во софтвер за новите начини за користење на автомобилот.

Само марката Фолксваген очекува до 2025 година да продава милион електрични возила годишно.

Сметајќи ги и другите марки на истата компанија, сеат и шкода, групацијата Фолксваген очекува до тогаш да продава три милиона електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП