28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарската Влада ја покачува минималната плата за да ги врати работниците

Унгарската Влада ја покачува минималната плата за да ги врати работниците

forinti--forintata

Унгарската влада во вторник постигна договор со работодавците и синдикатите за значително зголемување на минималната плата за да се ублажи кусокот на работна сила, а паралелно најавија и пониски стапки на данокот на доход во рамки на обидите да ја зајакнат економската конкурентност и економскиот раст.

Според зборовите на министерот за економија Михаљиј Варга, минималната плата за неквалификуваните работници следната година ќе биде зголемена за 15 отсто, како и за дополнителни осум отсто во 2018 година. Уште повеќе ќе биде зголемена минималната плата за квалификуваните работници, за 25 отсто во 2017 и за дополнителни 12 отсто во 2018 година.

Паралелно стапката на данокот на доход ќе биде смалена за пет постотни бодови во 2017 и за уште два постотни бода во 2018 година.

Повисоките плати би требало да ги мотивира работниците што ја напуштија земјата во потрага по подобра плата. Владата, сито така, сака да го олесни вработувањето на работниците од соседните земји, во кои живее унгарско малцинство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП