27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија би можела да излезе од ЕУ до 2019-та година

Велика Британија би можела да излезе од ЕУ до 2019-та година

pregovaraci3

Преговарачите на Велика Британија и ЕУ во процесот на Brexit, Дејвид Дејвис и Гај Верхофстад оцениле дека Велика Британија би требало да излезе од ЕУ пред изборите за Европскиот парламент во 2019-та година, а според Дејвис вистинсктие преговори би можеле да започнат во мај следната година, пренесува Politico.

„Се договоривме дека процесот треба да започне што поскоро и секако да заврши пред следните европски избори. Просторот за преговори е некаде од 14 до 16 месеци“, рекол Верхофстад. Преговарачот на Европскиот парламент (ЕП) за Brexit изјавил дека неговата „црвена линија“ во преговорите е заштита на четирите основно слободи на ЕУ и додал дека на Дејвис му пренел дека пристапот до единствениот пазар на ЕУ не може да се одвои од правото на граѓаните за слобода на движење во рамките на Унијата.

Тој рекол дека крајниот резултат од преговорите „мора да биде блиско партнерство меѓу ЕУ и Велика Британија во интерес на граѓаните“, како и дека перидот на преговори ЕУ треба да го искористи како шанса да работи на „реформирана и поефикасна ЕУ“. Верхофстад изразил желба правата на оние 48 отсто британски граѓани кои гласале за останување во Унијата да бидат заштитени, изјавил неговиот портпарол.

Дејвис во вторн икот побрала состанок и со лидерот на социјалистите во Европскиот парламент, Џани Питела, но ило доцна Питела да ги промени плановите, изјавиле извори од групата на социјалистите во ЕП. Од друга страна, пак, Манфред Вебер, лидерот на Европската народна партија, која е најголемата група во ЕП, ја критикувал британската влада.

„Не слушнав ништо ново, односно како британската влада сака да го реши Brexit“, рекол Вебер по средбата со Дејвид и додал дека потребно е британската влада да изнесе јасни ставови за преговорите околу излегувањето од ЕУ. Тој додал дека Британците имаат интерес да ја задржат врската со единствениот пазар на ЕУ, но дека останува отворено прашање на кој начин сакаат да го остварат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП