27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAлуминиум од Средниот Исток влегува на американскиот пазар

Aлуминиум од Средниот Исток влегува на американскиот пазар

alu-proizvoditel-333

Произведувачите на алуминиум од арапските држави ги зголемуваат своите пратки за американскиот пазар, за да се пополни празнината оставена од затварањето на неколку фабрики од овој тип во САД.

Побарувачката во САД се зголемува, а производството се намалува со големи стапки.

Пратките од Блискиот Исток со алуминуим за првите девет месеци изнесувале 734.000 тони или 50 отсто од вкупниот материјал доаѓал од арапските земји. Производство на алуминиум во САД чини 1.670 долари, а во арапските држави 1.200 долари.

Производството на алуминиум на Блискиот Исток започна во 1971 година во Бахреин со приближно 120.000 тони годишно, за денес топилниците во Саудиска Арабија, Оман, Бахреин и Катар да произведуваат годишно 5,2 милиони тони.

Северноамериканската побарувачка изнесува околу 7,5 милиони тони годишно, наспроти американската понуда од 750.000 тони и Канадското производство од 3 милиони тони.
Се претпоставува дека 8 отсто од земјината кора припаѓа на алуниниумот, меѓутоа алуминиумот во природа не може да се најде чист и секојпат е соединет со различни материјали, па до чист алуминиум се доаѓа преку сложен процес. Алуниниумот е незаменлив во речиси сите гранки на индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП