28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: ЕЦБ мора да ја задржи сегашната монетарна политика

Драги: ЕЦБ мора да ја задржи сегашната монетарна политика

eu0000

Европската централна банка (ЕЦБ) треба да го задржи сегашното ниво на монетарната поддршка, со што ќе ја врати инфлацијата до определените нивоа од 2 отсто. Тоа го коментира претседателот на централната банка Марио Драги пред европските пратеници, пишува Ројтерс.

Целта на „невидена парична поддршка“ е токму враќањето на инфлацијата до нивоата определени од ЕЦБ – „малку под, но блиску до 2%“, рече тој.

Марио Драги го претстави својот годишен извештај до Европскиот парламент, потсетува „Bloomberg“.

За време на дебатите по говорот на Драги пратеници ја критикуваа нултата камата, која ја наметнува институцијата со коментари дека таа „ја уништува културата на штедењето“. Политиката на ЕЦБ води до зголемување на нееднаквоста во еврозоната, дополнува „ВВС“.

Полскиот пратеник и поранешен комесар Данута Хубнер пак коментира дека ЕЦБ има постигнато многу во поддршка на кревкиот економски раст во еврозоната, но можеби институцијата ги „достигнала своите граници“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП