28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси половина од светското население ќе користи интернет до крајот на 2016...

Речиси половина од светското население ќе користи интернет до крајот на 2016 година

find_internet_services_world_internet

До крајот на 2016 година, речиси половина од светското население ќе користи интернет, мобилната мрежа ќе расте и цените ќе се намалуваат.

Во светските развиените земји околу 80 отсто од популацијата користи интернет, додека 40 отсто во помалку развиените земји и речиси 15 отсто во слабо развиените земји користат интернет, според извештајот на International Telecommunications Union ( ITU).

Во Африка, еден од 10 луѓе користат интернет во слабо развиените држави, популацијата која не користи интернет е најчесто постара, слабо едуцирана и живее во руралните области.

Глобално во светот околу 47 отсто е онлајн, но се уште не е блиску до таргетот на Обединетите Нации што изнесува 60 отсто до 2020 година. Од ITU предвидуваат дека до крајот на годинава 3,5 милијарди луѓе ќе користат интернет. Преку се подобри и пософистицирани паметни телефони, лап топи, таблети, телекомуникациските и интернет компании ги охрабруваат своите потрошувачи да употребуваат интернет.

Ширењето на 3G и 4G мрежата овозможува се полесен и подостапен пристап на интернет.

Сепак, во однос на слабо развиените држави тие заостануваат многу години, според прогнозите околу 20 години, каде што цените се уште се многу високи, во онлајн сферата во однос на најразвиените држави.

За споредба, во Македонија околу 1,4 милион жители користат интернет или 68 отсто од населнието е онлајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП