28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги брка странските работници: Тие само ни се товар

Русија ги брка странските работници: Тие само ни се товар

344428661583409d848692624438223_w640

Русија има намера да го намали бројот на работници од странство, вели вицепремиерката на Русија за социјална политика Олга Голодец.

Тоа ќе важи особено за регионите вo кои невработеноста е зголемена, пренесува Спутник.

Како што изјави, користењето на странска работна сила води кон извлекување на капиталот од земјата, бидејќи повеќето работници своите плати ги префрлуваат во своите матични држави.

Исто така додаде таа, дополнително оптеретување за рускиот буџет претставува и социјалниот аспект, бидејќи мигрантите во Русија ги користат и болиците и училиштата.

„Кога ќе се анализираат сите податоци излегува дека странските работници се поголем товар за социјалниот систем, отколку што се користи за руската економија“, вели Олга Голодец.

Таа додаде дека и покрај тоа што работодавците тврдат дека Русија нема доволно квалитетна работна сила, Русија мора да се води по долгорочни и стратешки цели кои ќе бидат од корист за руската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП