28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 9.000 лекари ја напуштиле Грција во последните шест години

Над 9.000 лекари ја напуштиле Грција во последните шест години

greece_doctors_registration_621

Од 2010-та година до средината на 2016-та година 9.300 лекари ја напуштиле Грција во потрага по место за професионална реализација, пишува „Катимерини“. Податоците се на Атинската медицинска асоцијација (ISA).

Само од 1-ви јануари до 31-ви октомври 2016-та година организацијата издаде 1.018 сертификати за работа во странство на грчки лекари. Во целата 2015-та година издадените биле 1.521. Бројот на медицинските лица кои ја напуштиле земјата, се зголемува од минатата година во однос на 2014-та година. Но врв бил во 2013-та година, кога сертификатите за работа во странство биле 1.808.

Главно земјата ја напуштаат лекари, кои не можат да најдат работа во грчките болници, покажува статистиката. Тие се насочени првенствено кон Велика Британија, Германија, Кипар, Франција и Швајцарија. Во оваа година бројот на лицата кои сакаат да работат во Велика Британија се намалува, веројатно поттикнат од плановите на земјата да ја напушти ЕУ.

Во последните години расте бројот на грчките лекари, кои одат на работа во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија.

Болниците во странство ги привлекуваат со многу атрактивни плати, отколку што Грција може да понуди. Во швајцарските болници пример стартната плата е околу 6.000 евра месечно. Во Саудиска Арабија плаќањето е уште попривлечно – клиника нуди плата од 11.000 евра месечно, ослободени од даноци, 40 дена одмор и средства за сместување.

Заминувањето на лекарите го става на тест здравствениот систем на Грција, додава „Катимерини“. Според податоците на синдикатите на болничките работници земјата чувствува недостиг на 6.000 специјалисти. Голем дел од лекарите се назначувани со привремени договори и на не многу добри позиции.

Од „ISA“ посочуваат уште еден сериозен проблем – младите лекари потешко наоѓаат работа, а и платите за нив се пониски.

„Ова, во комбинација со неспособноста на владата да подготви одржлива и ефективна политика во здравството, е причината за невиден имиграциски бран“, велат уште од Здружението и дополнуваат дека земјата се соочува со парадокс – младите лекари не можат да најдат работа, а системот страда од стареење на вработените и недостаток на специјалисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП