24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекин на повеќедневниот раст на МБИ10

Прекин на повеќедневниот раст на МБИ10

македонска-берза

Почетокот на новата трговска седмица донесе во понеделникот прекин на порастот на индексот МБИ10, при што забежа пад од 0,59 отсто, со што индексот на крај на трговскиот ден изнесуваше 2.253,39 индексни поени.

ОМБ, пак, од друга страна не ја промени својата вредност.

На прво место по остварен промет, повторно се најде акцијата на Стопанска Банка АД Скопје, со која се реализираа 24 трансакции преку кои беа истргувани вкупно 3.874 акции по просечна цена од 998,78 денари што претставува пад во вредноста на акцијата од 2.07 отсто.

Меѓу „милионерите“ беа и акциите на Охридска Банка Скопје 2.8 милиони денари и истргувани вкупно 736 акции по просечна цена од 3.900 денари.

Вкупниот промет на берзата изнесуваше 10,6 милиони денари реализирани преку 99 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП