10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната побарувачка за бензин ќе биде со остар пад во иднина

Глобалната побарувачка за бензин ќе биде со остар пад во иднина

benzinite

Бензинот е главен ресурс за снабдување на автомобилите и за нивно функционирање, и беше главен ресурс на 20-от век, а се чини дека во иднина нема да биде толку витален.

Интернационалната Агенција за енергија предвидува дека во иднина бензинот ќе доживее благ пад, бидејќи на пазарот пристигнуваат нови електрични автомобили и нови играчи како Tesla Motors Inc.

Од агенцијата предвидуваат дека ќе има застој во побарувачката на бензин во наредните 25 години. Бројот на електрични автомобили ќе порасне од еден милион минатата година до 150 милиони до 2040 година.

Агенцијата прогнозира дека побарувачката за бензин ќе падне на 22,8 милиони барели на ден до 2020 година од 23 милиони барели на ден минатата година. До 2030 година потрошувачката ќе достигне 23,1 милион барели на ден , пред ново паѓање на потрошувачката во 2040 година.

Глобалната побарувачка на бензин порасната за 20 отсто помеѓу 1990 и 2015 година и покрај конкуренцијата од дизелот. Големите производители на автомобили како General Motors CO, BMW AG и Nissan Motor CO почнуваат со групни инвестиции во делот на електричните автомобили, со унапредена технологија , поточно во одделот за батерии -цените настојуваат да се намалуваат.

Најголеми губитници од ова ќе бидат рафинериите, кои потрошиле милијарди долари на максимизирање на производството на бензин, на штета на други нафтени деривати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП